Гмечење и цедење

Следниот чекор при производството на вино е гмечењето на гроздовите. Денес оваа операција се врши механички со посебни преси, кои го замениле традиционалното газење на грозјето. Илјадници години мажите и жените го изведувале ‘бербениот танц’ во бурињата и пресите. Со употребата на механичките преси, многу од романтиката и ритуалот исчезнале од оваа фаза на производството на вино, но не смее да се занемари санитарната придобивка од механичкото гмечење. Механичките преси го подобруваат квалитетот и долготрајноста на виното, намалувајќи ја потребата за додавање конзерванси. Гмечењето на грозјето е неопходно за да се ослободи гроздовиот сок - ширата од зрното и со тоа да се овозможи алкохолно вриење. Процесот на цедење претставува одвојување на ширата од цврстите делови на гроздот - комината. Во зависност од интензитетот на цедењето, зависи и квалитетот на виното. Понатамошното чување на виното со комината доведува до оксидација на обоените материи што резултира со намалување на обоеноста на виното. Затоа, по 5-8 дена од почетокот на вриењето, виното треба да се преточи и да се исцедат заостанатите цврсти делови.