
Rakija
Ракијата е чист алкохолен пијалак создаден од дестилација на ферментирано овошје. Во домашното производство вообичаено е процентот на алкохол да биде помеѓу 40 и 60 проценти.
Обично се конзумира во друштво и секогаш со мезе.
Како мезе најчесто се користат разни зеленчукови салати (традиционално тоа е шопската салата).