
CABERNET SAUVIGNON
Квалитетно црвено вино, добиено од винската сорта Каберне, препознатливо по својата пурпорно-црвена боја и дискретна овошна арома, збогатено со траги од шумско овошје и хармонично сплотени танини.
Оваа сорта на вино се служи со сите видови на печено месо, дивеч и скара.
Може да се конзумира на температура од 16-18°C, што особено ја нагласува неговата арома.